Иако основниот облик на ширење на сексуално-преносливите болести е токму сексот, нив може да ги добиете и на други наини. Венерична болест може да добиете и без да сте сексуално активни, ова се само пет од начините:
1. Балзам за уста
Постојат две врсти на херпес, орален и генитален, а и двете врсти се пренесуваат со директен контакт. Ако позајмите балзам за усни или кармин на некој кој има орален херпес, големи се шансите веднаш да се заразите. Ако ставите балзам за усни веднаш после орален секс, пак, може да го пренесите вирусот од гениталниот херпес.
Вирусите, сепак, не можат да преживеат долго на овие предмети, но најдобро е балзамот или карминот да не се делат, и да се избегнува пробување на тестерите во продавница.
2. Брада
Можеби изгледаат уредно и средено, но брадите имаат голем потенцијал да станат плодно тло за развој и размножување на габички, габични инфекции и херпес. На брадите може да се пренесат и срамни вошки.
Густата брада може да ги крие и симптомите за проблематична кожа, затоа многу е битно редовно да се мие, чешла и средува.
3. Депилација на бикини-зоната
Депилацијата и без тоа е непријатна, но ако вашиот козметичар не внимавал и не се грижи за чистотата на восокот, стапчето за апликациј и лентите за отстранување, скоро сигурно може да се заразите со сексуално-пренослива болест.
Истражувањата, исто така, покажуваат и дека самото отстранување на срамните влакна го зголемува ризикот за пренос на венеричните болести, бидејќи нивната улога е да ги штитат половите органи од инфекции.
4. Солариум
УВ зрачењето ги убива бактериите, но претераното сончање во солариум може ја зголеми отпорноста на бактериите што веќе се наоѓаат на телото. Во солариумот има и разни габички, вируси и фекални бактерии, херпеси и ХПВ вируси. За да се намалат ризиците од ова, темелно исчистете го солариумот пред и после користењето.
5. Тетовирање и ставање на пирс
И овде најважна е хигиената. Повеќето салони редовно ги чистат инструментите, но посебно внимание мора да се посвети на иглите, преку кои може да се пренесе хепатит Б, Ц или ХИВ-вирус.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.