На последниот натпреварувачки ден на интернационалниот фестивал на монодрама „Битола 2017“ ќе бидат изведени монодрамите „Ирена или неможам повеќе“, „Одисеј“ и „Лолита“…
Монодрамата „Ирена или неможам повеќе“ е во изведба на актерката Мирел Кнез од словенечкиот театарски институт-Љубљана, а во 20 часот ќе настапи германскиот актер Вили Шлутер кој ќе ја изведе монодрамата „Одисеј“ од Лим Норевиг.
Изведбата на монодрамски остварувања во конкуренција завршува во 23 часот кога ќе настапи битолчанецот Александар Димитровски, актер во драмското студио „Солза и смеа“ со претставата „Лолита“.
– „Лолита“ е претстава која ме натера да го откријам талентот во себе и желбата да бидам актер. Лолита е претстава која тешко се игра во тежок жанр како што е монодрамата, но јас сум подготвен тоа да го издржам. Делото на Владимир Набоков го режирав и е заедничка продукција на Драмското студио „Солза и смеа“, НУ Центар за култура и НУ Народен театар-Битола, истакна актерот Димитровски пред вечерашниот фестивалски настап.
Интернационалнiot фестивал на монодрама „Битола 2017“ завршува утревечер со доделување на наградата „Гран при“ и награда од публиката, а во чест на наградените ќе биде приреден концерт на театарска музика под наслов „На светов убавина“ на композиторот Горан Трајкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст