| четврток, 6 декември 2018 |

Водителката Сања доби непристојна понуда: И нудел 10.000 евра за да се запознаат, еве што направи таа

Познатата српска водителка Сања Маринковиќ била прилично зачудена кога непознато момче и понудило 10.000 евра за да се запознае со неа.

Имено, маж чии иницијали се П.П. и испратил на атрактивната водителка порака во која напишал дека собрал пари и дека има голема желба да ја запознае, меѓутоа Сања не одговориla на неговата понуда.

-Кога и стигна пораката, Сања не можеше да верува во тоа што го чита. Веднаш се насмеа и потоа рече дека се работи за некоја шега. Кога ми ја прочита пораката и јас бев во шок. Ме праша веднаш: „А што ако тој некој е сериозен?“ Таа сериозно ме погледна и потоа се насмевна и рече: „Ама ајде, сигурно на некој му е досадно, па сака да се пошегува со мене, а мисли дека јас ќе наседнам, па така не дознавме дали некој е сериозен или се шегува, раскажува пријателка на водителката.

Јас мислам дека таа брзо потоа ја избриша пораката, но пишуваше: Чао Сањче, успеав да заштедам 10.000 евра и ќе ти ги префрлам на сметка само да се запознаеме. Поздрав од Бањалука“. Во секој случај, и некој да се пошегувал, ние слатко се изнасмеавме кога го читавме тоа.

Како што раскажува Сања, таа не одговара на такви пораки и смета дека тоа и се случува на секоја личност што се занимава со јавна работа.

-Пред се, никогаш не сум одговарала на такви пораки, а веројатно се работи за некој лажен профил од кој некој се обидува да се пошегува со мене. Толку години сум на јавната сцена во Србија и сум видела се и сешто, така што ова не ми е ништо ново. Секако дека не се сложувам да се видам со луѓе затоа што ми нудат пари. Секогаш сум им излегувала во пресрет на луѓето што сакале да се фотографираат со мене, зошто во тоа нема ништо лошо, рече Сања.

Сања пред неколку години откри дека имала понуда од еден машки магазин да ја краси нивната насловна страница.

-Имав понуда да се фотографирам за вториот број на магазинот, но не сакав ни да ги сослушам. Едноставно, не се гледам себеси во таа приказна. Оној кој треба да ме гледа гола, тој ме гледа, рече водителката во една прилика.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top