| четврток, 6 декември 2018 |

Принцот Хари и Меган Маркл се бакнаа во јавност (Фото)

Британскиот принц Хари и неговата девојка, актерката Меган Маркл за прв пат се појавија официјално во јавност.

Американската актерка го бодреше принцот Хари кој заедно со брат му, принцот Вилијам, учествуваше во натпреварот во поло во Аскот.

hari

Британските медиуми по натпреварот успеаја да ги „фатат“ Хари и Меган како разменуваат нежности на паркингот, а Меган беше фотографирана како го бодри Хари од гледалиштето.

img-333689

Меган официјално доби дозвола од кралското семејство да му биде партнерка на Хари на свадбата на Пипа Мидлтон, сестрата на Кејт, војвотката од Кембриџ и сопруга на принцот Вилијам.

Меѓу ѕвездите кои присуствуваа на натпреварот беа актерките Ема Стоун и Гема Артертон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top