| четврток, 6 декември 2018 |

Во Лешок забележана активност на „Органс воч“, организаторот на Жолтата куќа

Во Лешок е забележана активност на фирмата „Органс воч“ (Organs Watch), компанија која е проврзана со турскиот хирург кој го реализира страшниот проект на познатата Жолта куќа, пренесува српски „Интермагазин“.

Жолта куќа е случај на трговија со човечки органи во Албанија и во Косово во 1999 година. Првите сознанија за трговијата со човечки органи во јавноста ги изнесе поранешната обвинителка на Хашкиот трибунал, Карла дел Понте во својата книга Лов: Јас и воените злосторници. Во книгата таа наведува дека во 1999 година дознала дека над 300 Срби и друго неалбанско население било киднапирано и однесено во Албанија, каде што им се вадени органите, кои потоа биле праќани во Италија, од каде што биле дистрибуирани на клиниките низ Европа. Во книгата таа ја споменува населбата Бурел во Албанија, каде што на жртвите им се вадени органи во куќа која таа ја нарекува Жолта куќа.

Во разговор со Бошко Козарски, основач на српско-рускиот образовен форум, Srb.newsfront.info открива шокантни сознанија за случувањата во Македонија.

– Деновиве од Македонија пристигна вест дека во село Лешок е забележана активност на фирмата Organs Watch, компанија која е проврзана со турскиот хирург кој го реализира страшниот проект на познатата Жолта куќа –  предупредува Козарски.

Според него, Џафери беше еден од командантите на паравоените албански единици, а неговото поставување на место на претседател на Собрание е јасен сигнал каде оди Македонија – незаприливо кон своето исчезнување. Меѓутоа, во Македонија се случуваат некои работи кои ние не ги гледаме – илјадници албански терористи од Косово се префрлаат во Македонија, вели Козарски и додава дека зборовите на новиот претседател на Собранието се всушност зборовите на Еди Рама и токму тој раководи со целата акција во интерес на своите наредбодавачи, пренесува intermagazin.rs.

Untitled

Според него, проектот голема Албанија не е проект на Албаницте, туку тоа е проект на Австро-Унгарија, а потоа Америка се разбира со учество на В. Британија, која повеќе од еден век управува со настаните во нашиот регион. Неодамнешната изјава на Еди Рама за евентуално соединување на Албанија и Косово, е пробен балон , вели Козарски.

На прашањето дали постои реална опасност од избувнување на нова војна на овие простори Козарски одговара дека судири на овие простори никогаш не ни престанале од 90-тите години.

Мислам дека сите сме сведоци на тоа дека оружјето на овие простори постојано шета меѓутоа информациите кои ни пристигнуваат секојдневно од различни структури, еве да речеме од Македонија, покажуваат дека тоа не се спорадични инцидентит туку координирана акција со која управува премиер и иден претседател на Албанија, Еди Рама, предупредува Козарски.

Во исто време со сите овие случувања дојде и до срамно ослободување на Рамуш Харадинај од страна на францускиот суд. Колку оваа одлука на судот е поврзана со случувањата во регионот, пред се со случувањата во Македонија?!

– Ослободителната одлука на еден злосторник, еден крвник е скандалозна и никако поинаку не може да се коментира, вели Козарски.

Според извештајот на Советот на Европа од 12 декември 2010 година, организатор на киднапирањето на луѓето бил Хасим Тачи и Дренишка група.

Жолтата куќа се наоѓа во село Рибе, во близина на Бурел на северот на Албанија. Куќата денеска е бела и во неа живее семејство Катуци. Тие негираат дека кога било во нивната куќа се ваделе органи на заробеници. Во почеток ова семејство негираше и дека куќата им била жолта, но откако истражителите под белата боја на фасадата ја открија жолтата боја, семејството ја смени приказната, дека наводно куќата била префарбана во жолто пред една свадба. Во близина на куќата истражителите пронашле и празни шишиња од инфузиските раствори, средства за смирување, завои, игли…

Извор: Интермагазин и srb.news-front.info

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top