| четврток, 6 декември 2018 |

ВИДЕО: Извлечен потонатиот струшки автобус од Женевско Езеро

Туристичкиот автобус на струшката компанија „Еуро-Бус“, кој вчераутро потона во езерото, е извлечен од водите на Женевско Езеро.

Автобусот бил паркиран на нерамен простор во кантонот Вевеј, а патниците биле излезени надвор од автобусот.

Од непознати причини автобусот, кој бил празен, почнал да се движи сам, за кратко време целосно потонал во езерото.

Засега е нејасно дали можеби автобусот имал проблем со сопирачките.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top