| четврток, 6 декември 2018 |

Над 200 мигранти загинаа во Средоземното Море

море

Над 200 мигранти за време на викендот загинаа во водите на Средоземно Море, изјавија преживеани лица.

На брегот на Либија досега се пронајдени неколку безживотни тела, меѓу кои и тело на бебе.

– Од четвртокот до денеска околу 7.500 луѓе се спасени во близина на брегот на Либија, соопшти припадници на италијанската и либиската крајбрежна стража.

Две групи на преживеани мигранти изјавија дека стотина се удавиле откако нивните  чамци почнале да се издишуваат пред да стигнат спасувачките служби.

– Повеќе од 60 лица загинаа, а три тела се извлечени во саботата, изјавија спасените мигранти кои беа однесени на Сицилија.

Чамецот со 120 луѓе тргнал од Либија на пат којн Европа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top