| четврток, 6 декември 2018 |

Изразено деколте, шлиц и македонско знаме во рака, Јана блесна на црвениот тепих во Киев

Пред почетокот на првата полуфинална вечер на Евровизија во Киев се одржа свеченото отворање на 62-то издание на изборот за најдобра песна во Европа.

Нашата претставничка Јана Бурческа се прошета на црвениот тепих позирајќи во зелена тоалета со изразен шлиц и деколте. Секси но пристојно, таа ги собра сите погледи на црвениот тепих додека позираше со македонското знаме.

jana0103

Таа ќе настапи во рамките на втората полуфинална вечер на 11 мај, додека големото финале ќе се одржи на 13 мај.

Изведувачите од Македонија, Холандија, Малта, Србија, Данска, Романија, Унгарија, Австрија, Ирска, Швајцарија, Естонија, Израел, Бугарија, Сан Марино, Литванија, Хрватска, Норвешка и Белорусија настапуваат во второто полуфинале.

Првата полуфинална вечер пак ќе се претстават изведувачите од Црна Гора, Финска, Грузија, Португалија, Белгија, Шведска, Албанија, Азербејџан, Австралија, Кипар, Словенија, ерменија, Молдавија, Чешка, Латвија, Грција, Исланд и Полска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top