Во своето прво обраќање до нацијата, откако денеска беше избран за нов претседател на Франција, Емануел Макрон ги повика „сите Французи дека ги штитат најранливите меѓу нив“, јави дописникот на МИА од Париз.
Вие избравте да ми ја дадете вашата доверба и јас ви ја изразувам мојата длабока благодарност, рече новиот француски претседател говореќи од својот изборен штаб.
Тој притоа нагласи дека чувствува „чест и одговорност“. Ви благодарам од срце. Јас нема да ве заборавам, рече Макрон.
Сакам вечерва да испратам републикански поздрав до мојот противник, г-ѓа Ле Пен. Ги знам поделбите на нашата земја, кои доведоа до екстремно гласање. Моја е одговорноста да ги слушнам, посебно заштитувајќи ги најранливите, рече новиот француски претседател.
Тој пораќа дека вечерва им се обраќа на „сите, на целиот народ на Франција“. Вечерва се отвора една нова страница од нашата долга историја. Сакам таа да биде (страница) на повторно пронајдена надеж и обновена доверба, рече тој
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


