| четврток, 6 декември 2018 |

Франција доби претседател: Емануел Макрон е победник на изборите

Франција доби нов претседател- 39-годишниот Емануел Макрон со 65,5 проценти е победник на изборите, кои, судејќи според анкетите, беа предвидливи.

Екстремната десничарка Марин ле Пен нема повеќе од 34,5 проценти, но тоа што донесе разочарување е огромниот процент на апстиненција.

Се работи за историски процент- дури 25,3 проценти не гласале, вртејќи им грб и на двајцата кандидати, кои доаѓаат од сосема нетрадиционални партии – победници на претходните избори во Франција, социјалистите и републиканците.

Победи демократијата, вредностите на француската република, место застрашувачките визии што ги упатуваше Марин ле Пен – барањето да се затворат вратите на емигрантите, но и на Европа.

Макрон за себе вели дека е центрист, но сѐ повеќе се приближува кон левите идеи, додека Ле Пен со екстремните ставови, иако изјавуваше дека ќе го ослободува народот од арогантната елита, тешко може да се замисли како предводник на Франција, Европа.

Марин ле Пен претходно се повлече од позицијата лидер на Националниот фронт.

Овој чекор таа го направи  по одличните резултати од првиот круг претседателски избори, со образложение дека  на тој начин би била натпартиски определена и би привлекла повеќе гласови на изборите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top