Крилото на Вардар, Јованка Радичевиќ е гневна на данските судијки кои ја делеа правдата во финалниот натпревар од Лигата на шампионите.
Вардар по продолженија го загуби финалето во Лигата на шампионите, малку фалеше да се качат на европскиот трон, но таму седна Ѓер.
Јованка Радичевиќ тешко го поднесе поразот исто како и останатите ракометарки, Црногорката прстот го вперува во судиите.
„Штета, се боревме до крај. Не ми е јасно како Ѓер доби цела минута за напад на крајот, мислам дека да игравме до утре, судиите немаше да ни дозволат да победиме“ – вели Радичевиќ со многу емоции.
„Горда сум на сите ракометарки бидејќи се боревме максимално, штета е што противникот се решава вака, ова е срамота!“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст