Слоганот 4-ти Илинден на протестите на граѓанските протести мене лично во самиот старт не ми се допадна. Најмногу затоа што е еден вид позајмување на туѓ идентитет. Слично како кога ќе кажат за Охрид, балканскиот Ерусалим. Тоа потсвесно укажува дека Охрид нема своја вредност и мора да позајмува туѓ идентитет за да звучи доволно моќно. А не е така, пишува професорот и политички аналитичар Оливер Андонов, на својот Фејсбук профил.
–Сепак, кога веќе тој слоган го слушаме скоро 70 дена, може да се каже, се разбира гледано низ една современа призма, може да се направат и некои споредби, се разбира тогаш во услови какви што биле, денес во современи политички услуги.
И тогаш и сега противникот беше несразметно посилен. Империја.
И тогаш и сега има спротивставени мислења дали воопшто требало да се почне кога се знаела моќта на противникот, вистинскиот.
И тогаш и сега ВМРО направи општа мобилизација на населението во борба за Македонија.
И тогаш и сега имало и ќе има прогони и малтретирања кон водачите и населението од моќниот противник по завршувањето. И обид да се сотре ВМРО од корен.
И тогаш и сега по завршувањето има разногласија во организацијата/партијата.
И тогаш и сега ВМРО ќе опстои.
И тогаш и сега цел свет слушна за отпорот во Македонија. Во овие 70 дена цела Европа и Америка известуваа за настаните во Македонија.
И тогаш и сега некои соседи се вмешуваа.
И тогаш и сега речиси никој од надвор не и помогна на Македонија и се бореше со сопствени сили. Со чест на помали исклучоци. Отпор за почит.
И тогаш и сега македонскиот народ и ВМРО испишаа историја.
И тогаш и сега Македонија ќе опстои, додава Андонов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст