| четврток, 6 декември 2018 |

Франција: До пладне гласаа 28,23 проценти од граѓаните

Излезеноста на гласањето за вториот круг од претседателските избори во Франција до 12 часот е 28,23 отсто.

Според податоците на Министерството за внатрешни работи на изборите во 2012 година до 12 часот гласале 30,66 отсто од гласачите, додека во 2007 – 34,11 проценти. Општо земено од 1974 година мобиизацијата на французите во вториот круг била секогаш поголема, додека во 2002 кога се најдоа во вториот круг Жак Ширак и Жан-Мари Ле Пен бројот на гласачите се зголеми за осум отсто во вториот круг.

Но, годинава изборите се одвиваат во понаква атмосфера, излезеноста до 12 чаасот од 28,23 отсто е споредлива со првиот круг кога во истиот период на денот гласаче 28,54 отстот од граѓаните.

Канидатите Марин Ле Пен и Емануел Макрон веќе гласаа, исто како и актуелниот претседател Франсоа Оланд.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top