Тепањето на пратеници направи најголема штета за ВМРО-ДПМНЕ. Сега сите надворешни фактори кои се сомневаат дека ВМРО е организатор на тепањето, што не е точно, сметаат дека ако ВМРО состави Влада сега после сето ова, или пак е дел од Влада, тоа ќе биде сфатено меѓу народот дека со тепање пратеници се доаѓа на власт.
Ова го напиша Никола Србов на својот Фејсбук профил и додаде:
Затоа сега сите однадвор заземаа заеднички став дека ВМРО мора да оди во опозиција со цел да се испрати порака дека со тепање се губи а не се добива. Во спротивно се плашат дека тепањето пратеници може да се повторува. А што може ВМРО во една ваква ситуација да направи, со само 51 пратеник, кога странците ги контролираат раководствата на сите други партии во Парламентот. Колку и некој да тепал од бес, револт, и убедување дека тоа е заслужено или оправдано, за жал на ВМРО му направи непоправлива штета и го испрати во опозиција.
Колку сето ова не го подбуцна, поттикна или организира некој кој има интерес ВМРО да оди во опозиција, е прашање на кое немаме одговор.
Од друга страна, тепањето на пратениците на СДСМ му ги засили позициите во коалицијата. Албанците сега размислуваат вака: човекот крвавеше заради нашите права. Смее ли сега некоја албанска партија да му сврти грб а истата да не биде осудена од Албанците? И тоа така ќе биде се додека Албанците во Македонија не го доживеат Заев како премиер, додека на своја кожа не почуствуваат за каков лажго и преварант станува збор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст