| четврток, 6 декември 2018 |

Грабар-Китаровиќ: Хрватска и Србија да изградат односи на меѓусебно почитување

Уште многу вода ќе протече низ Дунав додека се развие пријателство меѓу Хрватска и Србија, но двете држави имаат обврска поради интересите и благосостојбата на народите, да направат се за да изградат што подобри односи, изјави вчера хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ.

Таа, во својот говор на свеченоста на Сињската алка во Вуковар, наведе дека Хрватска сака да соработува со Србија во духот на добрососедските односи и да и помогне на патот кон Европска унија.

– Како хрватска претседателка, но и како мајка не сакам да видам ниту една жена да тагува за дете загинато во војна. Се ќе направиме да ги сочуваме мирот и стабилноста, а затоа е клучен нов чекор во хрватско-српските односи, посочи Грабар-Китаровиќ.

Таа додаде дека е време Хрватска и Србија да повлечат црта и да почнат да градат односи на меѓусебно почитување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top