| четврток, 6 декември 2018 |

Криси Тајген: Сѐ на мене е вештачко, освен образите

Една од најпознатите манекенки и сопруга на пејачот Џон Леџенд откри дека поминала низ многу естетски операции на лицето и телото.

-Сѐ на мене е вештачко, освен образите, призна Тајген.

Потоа со раката покажа на челото, носот и усните и рече „Вештачко, вештачко, вештачко.“

Освен пластичните операции на лицето, Криси Тајген призна дека направила и неколку зафати на телото.

-Направив липосукција на надлактиците пред девет години и тоа беше најглупавото нешто што сум го направила, но не жалам бидејќи се чувствувам посамоуверено, рече манекенката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top