| четврток, 6 декември 2018 |

Помен за вечен спомен на Сашко Гешовски, првата жртва на распадот на СФРЈ од Македонија!

Сашко Гешовски, син на Гоце и Цвета, е роден на 31 октомври 1971 година.

Загина на 06 мај 1991 година во Сплит, како војник во ЈНА, во предвечерието на распаѓањето на поранешна СФРЈ.

На 7 мај 1991 година, еден ден по загинувањето на Сашко Гешовски, во Кавадарци се одржа мирен протест на кој присуствуваа речиси сите Кавадарчани. На погребот дојдоа повеќе од 20.000 граѓани, а во Кавадарци беше прогласена и тридневна жалост.

Сашко Гешовски е прва жртва од Република Македонија во војните кои ја зафатија поранешна СФР Југославија оред нејзината дисолуција. При распаѓањето на поранешна СФРЈ, не сметајќи ги оние кои поради повреди и нарушено здравје подоцна починаа, загинаа вкупно 54 војници од Македонија, околу 120 војници беа ранети,

Венчаја памјат и слава им на Сашко Гешовски и на сите припадници на ЈНА од Македонија кои загинаа во војните на поранешна СФР Југославија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top