Соединетите Американски Држави предвидуваат раст на предизборните тензии во Албанија со можност да преминат во немири и политички турбуленции.
Во меѓувреме, Амбасадата на САД ги предупреди своите граѓани што живеат или работат во Албанија, да бидат внимателни во наредните денови од собири на граѓани и протести.
– Ги потсетуваме американските граѓани што живеат, работат или се на патување во Албанија дека во тек е изборна кампања за парламентрани избори, кои се закажани на 23 јуни. Јавните собири во наредниот период ќе се зголемуваат, што е нормален дел на еден демократски процес. Американските граѓани треба да внимаваат на својата беазбедност, да избегнуваат јавни собирања поврзани со изборите, како и протести кои се одржуваат во Тирана или во други градови – се истакнува во соопштението на американската амбасада.
Независно од постојаните ултиматуми на адреса на Сали Бериша мирно да ја прифати волјата на албанските граѓани и политичката ротација, американската амбасада во Тирана најавува хаос и немири во наредните денови. Уште малку денови нѐ делат до изборите на 23 јуни, а досегашната изборна кампања се карактеризира со тешки инциденти.
Пукотници, искршени и ограбени изборни штабови, поставени експлозивни направи во куќи на кандидати за пратеници и закани со оружје се панорама и на оваа изборна кампања, која станува сѐ понапната.
Инаку, поради зачестените напади на изборни штабови, оштетувања и ограбувања, полицијата во Тирана видно ги засили мерките на обезбедување, осообено во ноќните часови, со зголен број полициски патроли.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.