| четврток, 6 декември 2018 |

Дедо Петко од Милутинци 80 години чува стадо од 600 овци

ovcar
Македонското здружение за култура обичаи и традиции „Гороцвет” од Скопје по повод празникот Ѓурѓовден ќе организира средба со најстариот овчар Петко Додевски од село Милутинци, општина Ранковце, кој од своето раѓање пред 80 години чува стадо од 600 овци.

„Гороцвет“, исто така, ќе организира средба и со овчарот Диме Тодоровски Келеш од селото Ветуница во општината Ранковце. На средбите ќе бидат изведени песни и поезија со содржини и обичаи поврзани со празникот Ѓурѓовден, а уметникот Живко Поповски-Цветин на двајцата овчари ќе им подари свои слики од македонската цветна градина.

– Празникот Ѓурѓовден е во чест на пролетта и на разбудувањето на вегетацијата и на животот воопшто. На Ѓурѓовден овчарите се обврзуваат (главуваат) да ги чуваат овците во планината до Митровден (од 6 мај до 8 ноември), соопшти здружението „Гороцвет“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top