| четврток, 6 декември 2018 |

Kaко да ги препознаете сексуално активните жени?

Научници од Канада ја пронашле врската помеѓу сексот и хипокампусот, област во мозокот која ги контролира емоциите, памтењето и нервниот систем.

Во истражувањето учествувле 78 жени под 30 години, на кои им покажувале слики од човечки лица и апстрактни зборови, а задачата била да запамтат што е можно повеќе лица и зборови.

Резултатите покажале дека жените кои имаат секс почесто, подобро ги памтат апстрактните зборови. Колку често имаат секс, не влијаело врз памтењето на лицата.

 

Познато е дека сексот ја намалува напнатоста и стресот и со самото тоа им помага на луѓето да размислуваат без оптеретување. Кога мозокот не е толку под стрес од непотребни информации, памтењето е многу подобро, пренесува „Секспресо“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top