Германската канцеларка Ангела Меркел деенска го поддржа кандидатот за претседател на француските претседателски избори Емануел Макрон и најави дека ако тој победи Франција и Германија ќе ги засилат процесите за поблиска ЕУ.
Во говор одржан во бизнис клуб во Хамбург, канцеларката во врска со „Брегзит“ од останатите 27 земји членки побара да донесат побрзи и поудлучни позиции во прцесот на заминување на Британија од ЕУ, пишуваат германските медиуми.
„Ако се концентрираме на неделните избори во Франција и се надеваме дека тие ќе минат како што посакуваме, може да видиме дека соработката меѓу Германија и Франција ќе добие на одлучност во тој контекст“, изјавила Меркел денеска во Хамбург.
Претходно, нејзиниот портпарол Штефан Зајберт во Берлин изјави дека со победникот на изборите во Франција Меркел ќе воспостави брз контакт веднаш по броењето на резултатите во недела навечер. За понеделник во Берлин е најавена и средба меѓу Меркел и францускиот претседател во заминување Франсоа Оланд на која канцеларката ќе му се заблагодари на Оланд за блиската соработка во последниве 5 години. Според анкетите фо Франција Макрон има предност од околу 20 % пред вториот кандидат лидерката на крајната десница Мари Ле Пен која најави дека доколку биде избрана ќе распише референдум за излегување од ЕУ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст