Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, денеска и утре ќе престојува во работна посета на Република Турција, по повод неговото учество на Глобалниот лидерски форум во организација на Универзитетот „Бахчешехир“ во Истанбул.
Претседателот Иванов, како што соопшти денеска неговиот кабинет, ќе одржи предавање на Глобалниот лидерски форум, кој се одржува на тема „Стратегиски алијанси и нов поглед на лидерството во услови на глобален баланс на силите“.
Меѓу темите на дискусија на Глобалниот лидерскиот форум се „Претседателството на Трамп: Промени во американската политика и нејзиното влијание врз светскиот поредок“, „Идни сценарија за Европската унија“, „Улогата на Јужна Америка во светскиот поредок“, „Безбедноста и политички анализи за Средниот Исток“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст