Управата на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип се размрда по дописот што деновиве пристигна од амбасада на една странска држава во Македонија, пишува А1он.
Според дописот што пристигнал до управата, двајца студенти, со цел да заминат во странство преку студентска програма, фалсификувале документ со која се потврдува активниот статус во дадената академска година. Покрај потврдата, студентите сами допишале дел од оценките во своите индекси, а ги фалсификувале и потписите на своите професори.
Електронскиот индекс, кој функционира трета година, како и двојната евиденција што ја води Универзитетот за секоја издадена потврда ќе помогнат да се осознае вистината.
Доколку се утврди дека студентите навистина ги фалсификувале овие документи, од управата на Универзитетот уверуваат дека на сторителите ќе им биде изречена соодветна дисциплинска санкција предвидена со статутот на институцијата, а ќе биде поднесена и кривична пријава.
Надлежните на Универзитетот апелираат студентите да не се впуштаат во вакви казнени дејства, бидејќи вистината секогаш испливува на виделина.
Според шпекулациите што кружат меѓу граѓаните, станува збор за студенти на Факултетот за медицински науки и Факултетот за природни и технички науки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Студентите три дена кампуваат пред „Стив Наумов“ и Кузман: Списоци има, домовите неспремни за вселување (галерија)
-
Одбележани 67 години од убиството на петтемина струмички студенти
-
Концерт на Македонската филхармонија и студенти од ФМУ
-
Иселените млади ќе ги враќаа, а на студентите им кратат од храната: Владата на СДСМ го укина појадокот во студентските домови