| четврток, 6 декември 2018 |

Знаете ли што прво забележуваат мажите кога ќе видат убава жена?

Дали некогаш сте се запраше што гледаат мажите кога ќе се сретнете првпат со нив? Еве нивни лични изјави и мислења што прво им паѓа во очи кај жената.

Без разлика во какви услови се запознаваме, првиот впечаток е клучниот момент кој недвојбено ќе го обликува начинот на кој ќе ве гледаме понатаму, велат мажите.

Поглед

Погледот, т.е. кога очите ќе се сретнат, е најважната работа. Ако сретнете момче и поради некој причина дури нема и да го погледнете во очи, тој ќе се чувствува како и да не ве знае, и во тоа има голема вистина. Ако не го погледнете во очи, тој нема да ја има шансата да комуницира ако го привлекувате.

Кога еднаш ќе остварите контакт со очи, верувајте му на стомакот, т.е. ќе има или нема пеперутки. Вие, од сите луѓе мтаму, ќе знаете дали му се допаѓате. Дали ви фрли длабок поглед или флертувачки? Ако навистина мисли дека сте убави, може намерно да ве ингорира во напорите да ве заинтересира.

Тоа е некој вид на игра. Ако ви обрати мало или никакво внимание, или не е воопшто заинтересиран или е многу заинтересиран и ја користи силата на волјата да избегне да ве гледа.

Формата на вашето тело

Ова може да биде првата работа што мажите ја забележуваат кај жената. Ние можеме да го забележиме вашето тело само со периферниот вид. Но, ако жената има атрактивна фигура, ние ќе погледнеме и подобро. Ако вашето тело го сметаме за атрактивно од која било причина, тоа е најчесто и почеток на нашиот интерес за вас, иако не мора да биде генерално правило.

Различни мажи ги привлекуваат различни работи. На некои најважна им е личноста, а убавото тело е само бонус.

Вашето лице

Забележуваме работи како што се формите на вашите усни, бојата на вашите очи, главните физички контури на вашето лице. На момците навистина не им е важно за некој посебен дел кога станува збор за женското лице.

Вашиот глас

Не само звукот на вашиот глас, туку посебно и интонацијата што ја користи жената кога вели „здраво“. Ние дефинитивно  ќе го запаметиме начинот на којшто сте не поздравиле и што сте рекле после тоа.

Тоа може да биде основа како си го замислуваме дијалогот со вас во иднина. Дури и само ако кажете едно „еј“ тој еден звук ќе остане со нас се додека не добиеме шанса повторно да разговараме со вас.

Говорот на телото

Ние дефинитивно обраќаме внимание на тоа како се или не се однесувате кога сте близу до нас, на пример, како играте со вашата коса или слично. Ние забележуваме на која близина до нас ви е удобно. Ние бараме индикатори на интерес, што било што ќе ни покаже дека сакате да комуницирате со нас.

Што носите

Мажите сакаат облека која ве прави да изгледате секси или слатко, но, не ни е грижа за ништо повеќе од тоа. Не се грижиме дали носите бренд, кој бил дизајнерот, или каде сте ја купиле облеката. Ние не се грижиме ниту за вашите чевли. Некои жени имаат огромна опсесија со чевлите. Мажите одвај и да забележуваат каков тип на чевли носите, единствените луѓе на кои навистина тоа им е важно се само жените. Но, свесни сме дека жените ги забележуваат и нашите чевли.

Чувството на вашата рака

Ние обраќаме внимание на начинот на којшто се поздравувате со вашата рака, начинот на којшто ја чувствуваме во нашата, мекоста на вашата кожа…но, најважно од се што досега наведовме е сепак првиот поглед.,

И најважно од се, ако жената ни се допаѓа, ние бараме знаци дека и вие сте заинтересирани за нас.

 

извор: hybread.mk

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top