Најмалку три лица загинаа и 24 се ранети во судири меѓу авганистански и пакистански сили во близина на пограничен премин.
– Три лица меѓу кои и жена загинаа и 21 се ранети, изјави лекар од локалната болниза за ДПА. Три лица од авганистанската погранична полиција исто така се ранети во престрелките.
Двете страни меѓисебно се обвинуваат за тоа кој прв почнал со престрелката што почна утрово по локално време во близина на граничен премин во југозападниот дел од Пакистан.
– Авганистанската погранична полиција отвори оган врз војници кои придружувале пописна комисија, соопшти пакистанското Министесртво за одбрана. Портпарол од авганистанските сили за безбедност изјави дека пакистанска пописна комисија работела на авганистанската страна од границата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.