| четврток, 6 декември 2018 |

Скопје: Потешко повреден возач, девет сообраќајки за еден ден

Во рамки на сообраќајно-воспитната акција „Да ги заштитиме децата во сообраќајот”, Одделението за превенција денеска ќе реализира едукативни работилници со учениците од второ одделение во ПОУ „Кирил Пејчиновиќ“ во општина „Кисела Вода“

Еден возач се здобил со тешки телесни повреди во една сообраќајна незгода од вкупно деветте сообраќајки кои се случиле на подрачјето на Град Скопје во текот на изминатите 24 часа.

Во пет сообраќајни незгоди имало лица со телесни повреди во кои полесно биле повредени седум лица, а во три сообраќајки причинета е материјална штета.

Од страна на полицијата превемени се мерки против осум возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, двајца возачи кои поминале на црвено светло, девет возачи кои возеле со неважечка сообраќајната или без возачка дозвола. Казнети се и 59 непрописно паркирани возила.

Санкционирани се и тројца возачи на велосипеди со мотор, мопеди и мотоцикли кои не носеле заштитниот шлем на глава.

Со помош на специјалното возило „пајак“ отстранети се 69 непрописно паркирани возила.

Во рамки на сообраќајно-воспитната акција „Да ги заштитиме децата во сообраќајот”, Одделението за превенција денеска ќе реализира едукативни работилници со учениците од второ одделение во ПОУ „Кирил Пејчиновиќ“ во општина „Кисела Вода“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top