| четврток, 6 декември 2018 |

Случаите на морбили во Италија се зголемиле за 500 проценти

мор

Италијанските власти за здравствена заштита соопштија за 1.920 заболени од морбили, што е за 523 проценти повеќе во однос на истиот период во 2016 година, јави ДПА.

Во однос на овие податоци, најголемата италијанска опозициска партија Движењето „Пет ѕвезди“ се брани, откако весникот „Њујорк тајм“ објави статија, каде беше обвинета партијата дека агитира против вакцинацијата.

Околу 88 проценти од лицата, кои се заразени од морбили, не биле вакцинирани, а 75 отсто се на околу 15-годишна возраст, соопшти Националниот здравствен институт и Министерството за здравство на Италија.

Имено, 176 од случаите се меѓу здравствените работници.

– Податоците за заболени од морбили се навистина загрижувачки, особено поради сериозната и опасната антинаучна дезинформација, распространета од некои политички сили, што убеди некои лица да се откажат од вакцинацијата, изјави италијанскиот министер за здравство Беатриче Лоренцин.

Водечките претставници на Движењето „5 ѕвезди“ вклучително и неговиот основач Бепе Грило, објавија лажни истражувања според кои вакцините можат да бидат штетни и да предизвикаат аутизам, агитирајќи против задолжителното вакцинирање, пренесува БТА.

Денеска, откако Грило ги оцени критиките на „Њујорк тајмс“ како „лажни вести“, на неговиот блог беше објавена статија за имунологија, каде е отфрлено постоењето врски меѓу вакцините и аутизмот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top