| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО-ДПМНЕ ќе дејствува во согласност со интересите на граѓаните – Груевски се сретна со преставници на ОБСЕ

гру

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, заедно со членовите на Извршниот комитет на партијата Никола Попоски, Никола Тодоров и Влатко Ѓорчев, оствари средба со високи преставници на делегацијата на ОБСЕ.

гру2

На средбата беа презентирани ставовите на ВМРО-ДПМНЕ за актуелната состојба и предизвиците со кои се соочува државата. Од страна на ВМРО-ДПМНЕ беше осудено непочитувањето на Уставот, законите и на Деловникот на Собранието од страна на СДС и нивните коалициски партнери. Беше истакнато дека преседанот со незаконскиот избор на Талат Џафери, надвор од сите пропишани процедури, води кон други преседани што ќе значат суспендирање на правниот систем. Таквото затруено дрво ќе роди затруени плодови и уште поголема нестабилност и продлабочување на политичката криза, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ, информираат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ, се вели во партиското соопштение, беше истакното дека е потребно гласање за претседател на Собрание целосно почитувајќи ги процедурите пропишани со законските и уставни норми. -Нивното прекршување ќе повлекува кривична одговорност за сторителите на незаконскиот акт.

ВМРО-ДПМНЕ истакна дека ќе продолжи да дејствува во согласност со интересите на граѓаните и Република Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top