| четврток, 6 декември 2018 |

Вонредна прогноза -не се опуштајте, доаѓа нов влажен бран!

дозд

Времето во Македонија утре претпладне ќе биде сончево со умерена облачност, попладне променливо на повеќе места нестабилно, пороен дожд и грмежи, особено во североисточните делови. Ќе дува умерен ветер од западен правец, кој на западот од земјата ќе се засилува.

Утринската температура ќе се движи од седум до 12 степени, а дневната од 19 до 27 степени.

Во Скопје претпладне сончево со умерена облачност, а попладне променливо на повеќе места нестабилно, со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен ветер од западен правец, кој на западот од земјата ќе се засилува.

Утринската температура ќе достигне до 11, а дневната до 26 степени.

Следува период на променливо и нестабилно време, во попладневните часови со локален пороен дожд и грмежи. Во сабота не се очекуваат врнежи, но ќе дува повремено засилен северозападен ветер кој ќе донесе осетно спуштање на дневната температура. Пооблачно и ветровито со северен ветер ќе биде и во понеделник и вторник, кога под влијание на нов влажен бран врнежи од дожд се очекуваат во поголемиот дел од земјава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top