Државјани на некоја од земјите членки на Европската унија, во 2015 година, главно станале Мароканците (10,2 отсто), Албанците (4,2 отсто) и Турцит ( 4,2 отсто).
– Вкупно 86.100 Мароканци станале Европејци, при што 88 проценти од нив го избрале италијанското, шпанското или француското државјанство. Од 48.400 албански граѓани кои избрале европско државјанство, 96 отсто станале Италјанци или Грци, додека од 35 илјади Турци, 56 проценти станале Германци, пишува порталот Албеу.
Според агенцијата за статистика на Европската унија, ЕВРОСТАТ, во 2015 година, 840 илјади лица добиле државјанство на некоја земја членка на ЕУ, наспроти 890 илјади во 2014 и 980 илјади во 2013 година. Од 2010 година, повеќе од пет милиони лица добиле државјанство на некоја земја членка на ЕУ, при што 87 отсто не биле граѓани на ЕУ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.