| четврток, 6 декември 2018 |

Телохранителот на Дајана: Ќе беше жива ако се вмешаше кралицата

Дајана загина заедно со милијардерот Доди ал Фаед во сообраќајна несреќа во париски тунел, бегајќи од папараци, на 31 август 1997 година

Принцезата Дајана денеска ќе беше жива ако кралицата направеше една единствена работа, вели во ексклузивното интервју за „Ен-Би-Си“, Кен Варф, телохранителот на британската принцеза која трагично загина во сообраќајна несреќа.

Според него, Дајана немало да загине ако го задржала личното обезбедување.

– Единствена личност што можеше да ја наговори Дајана да го задржи обезбедувањето беше кралицата Елизабета. Со тоа потенцијално ќе ѝ го спасеше животот. Ако кралицата инсистираше на тоа, денес немаше да го водиме овој разговор, оти Дајана ќе беше жива – тврди телохранителот.

Дајана загина заедно со милијардерот Доди ал Фаед во сообраќајна несреќа во париски тунел, бегајќи од папараци, на 31 август 1997 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top