| четврток, 6 декември 2018 |

Kрвави гости во Скопје: Маж си ја застрелал сопругата

Жена со повреди заврши на Ургентен центар по инцидентот што се случил синоќа во општина Ѓорче Петров. Во 21.40 часот на ул. „Лука Геров 1“, во куќата на Д.Ѓ.(40), како гости биле М.Н. и Б.Н. од Скопје.

Во еден момент Д.Ѓ. ја напуштил собата, по што М.Н. го зел неговиот пиштол (кој бил оставен на видно место), испукал еден куршум во правец на неговата сопруга Б.Н. и ја ранил во пределот на левата нога.

Таа со возило на Итната медицинска помош била пренесена во Ургентен центар во Скопје, за укажување лекарска помош. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

Фото:архива

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top