| четврток, 6 декември 2018 |

Мелничарите бараат слободен увоз на пченица

pcenica

Увозот на пченица да биде слободен, да се одложи задолжителната употреба на апаратите за мерење на влажноста на пченицата, да се зголеми надоместокот за чување на пченицата од државните резерви.

Ова денеска од надлежните институции го побара мелничко пекарската индустрија при Стопанската комора. Ако Владата не донесе одлука за врзан увоз ,откупот на пченица ќе биде по пазарни услови. Доколку мерката, пак, се донесе и годинава, мелничарите предлагаат да се воведе пред стартот на жетвата.

– Увозот на пченица да биде слободен во текот на целата година, да нема одлука за врзан увоз на брашно и пченица. Доколку надлежните органи имаат намера да воведат мерка за заштита на пазарот, во тој случај најитно да се воведе мерката во делот на брашното и тоа во однос 5:1. Евентуално опфаќање со мерката и на пченицата, во согласност со барањето на мелничарите, да биде во однос 2:1 и истата да започне да се применува со почетокот на жетвата – изјави Васко Ристовски, Стопанска комора на Р. М

Во Македонија годинава се посеани 90.000 хектари со пченица, а поради поволната клима се очекува зголемено производство од 15% до 20% повеќе од лани. Се очекува увоз од околу 150.000 тони сличен на минатогодишниот. Од Стопанската комора велат, поради зголемениот принос, дека се очекува да се донесе и пониска откупна цена. Ќе има или не одлука за врзан откуп, од Министерството велат ќе се знае по одржаните состаноци со мелничарите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top