Во новиот број на „Република“ ќе читате:
Македонија пред распад
Народот со избор меѓу партиите и државата
Македонија се наоѓа во вонредни услови од кои само граѓаните можат да ѝ помогнат и да ја извлечат од понорот во кој пропаѓа. Ниедна партија ниту политичка опција сега не може и не смее да бидат над опасноста за опстанокот на Република Македонија. Во Македонија веќе не владеат правото и правдата, не владее демократскиот систем, не владее гласот даден на избори. Вистината што боли е дека Македонија е заземена насила од силна групација, која системски ја уништува само со една цел – затворање на македонското „прашање“, бришење на македонскиот идентитет и посебност, а преземање на македонската држава, нејзино федерализирање и расчеречување.
Народот целосно разочаран од политичарите
Легитимирањето на државниот удар е погубно за Македонија
Американските дипломати од старата администрација на Обама, кои се на листата за откази во Стејт департментот, а од портпаролот на новиот државен секретар се именувани како „аматерска екипа“, можеби сѐ уште имаат моќ да ги контролираат и уценуваат пратениците, но никако не можат да го исперат мозокот на македонскиот народ и во ниту еден случај не можат да го направат Џафери легитимен затоа што во постапката за негово изгласување беа прекршени Уставот, законите и Деловникот на Собранието.
Ако овој брутален начин на силување на парламентарната демократија за Ји и за Бејли е демократски и легитимен, ги прашувам зошто досега нивната Демократска партија не го искористи истиот модел за смена на актуелниот претседател на САД, ним омразениот Доналд Трамп, кого од прв ден го опструираат во работата, а истовремено го обвинуваат дека нелегално ги добил изборите и дека претставува голема опасност за Америка?
Политичко насилство на големите сили
Македонија – земја на преседани
И во последниве десетина години, колку што беше ВМРО-ДПМНЕ на власт, голем број политичари и интелектуалци од досегашната опозиција ја користеа фразата „Ви рековме, ама вие не верувавте“, но во наредниот период, речиси сигурно, таа ќе биде меѓу најкористените во политичката дебата. Граѓаните, за кои стабилноста и сигурноста се секогаш приоритет, сакаат да веруваат дека ова е погрешна процена и дека работите ќе се средат, дека СДСМ во новата влада ќе владее со ум и со разум, дека албанските партнери на Заев ќе се залагаат за европски вредности и дека ќе се залагаат за сите граѓани, како што се залагаат за своите Албанци. Сепак, почетокот не ветува ваква разврска
Талат Џафери е нелегитимен претседател на Собранието
Насилството врз демократијата мора да биде казнето
Пратеникот на ДУИ Талат Џафери не може да биде прифатен како легитимен претседател на Собранието затоа што беше избран по насилен пат, на нелегитимен начин. Постапката што ја организираше СДС за негов избор, всушност, беше државен удар со кој беа погазени Уставот, законите и Деловникот за работа на Собранието. Со политичкото насилство СДС ја погази демократијата и мора да има одговорност за ваквото антидржавно однесување. Насилството врз процедурите беше директен повод за предизвикувањето физичко насилство, кое следуваше по упадот на народот во Собранието.
Банди, не Ганди
Заев е Ганди, колку што шарената беше револуција
Една орда новинарски некрофили го спореди Заев со Ганди. Демек, го практикувал ненасилниот граѓански отпор?! Истиот тој изведувач на странски сценарија и провокатор што ја доведе Македонија до ова дереџе? Да, Ганди е познат како татко на нацијата. Можете ли да го замислите Заев како таков? Ве полазуваат морници, се разбира, затоа што поимот татко на нацијата означува човек што ги сака својата земја, име, нација, историја, идентитет, јазик, химна, знаме, грб. Сака сѐ што е негово, било индиско или македонско. Да, означува патриот, нешто што нема никаква допирна точка со самонаречениот муртински спасител. Поверојатно, Заев е поблизок до Тед Банди, отколку до Махатма Ганди…
Колумна, Ацо Станковски
Атак
Остана печатот на предавник, кој е удрен на челото на тие што за 30 илјади денари виртуелна просечна плата го поддржаа велепредавството на националните интереси, а кога дојде на асталот на политичката гозба фамозната платформа, во која се разнебитува македонската држава, не се повлекоа, ниту се покајаа.
И со нема упорност тргнаа во плетењето на својата узурпаторска мрежа на владеење.
Регуларните партии на македонскиот легалистички интерес не покажаа некоја голема борбеност. За мир в куќа? Или поради нивната експонираност, се лесна цел за каков било напад од страна на непријателот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст