| четврток, 6 декември 2018 |

Oсуммина повредени во Скопје

Осум лица се полесно повредени во пет од вкупно деветте евидентирани сообраќајки на подрачјето на СВР Скопје во изминатите 24 часа. Во четири од несреќите е причинета само материјална штета.

Како што информира денеска МВР, во текот на изминатиот ден се откриени поголем број прекршоци и се санкционирани двајца возачи кои не отстапиле првенство на минување на возила во зона на крстосница, 13 кои биле без возачка дозвола, односно со нерегистриран автомобил, осум кои при возење користеле мобилен телефон, како и 54 за непрописно паркирани возила.

Со помош на специјалното возило „пајак“ отстранети се 73 возилa.

Како дел од сообраќајно-воспитната акција  „Да ги заштитиме децата во сообраќајот”, Одделението за превенција денеска ќе реализира едукативни работилници со ученици од второ одделение во ПОУ„Кирил Пејчиновиќ“ во општина „Кисела Вода“.

Во спортскиот центар „Борис Трајковски“ вечер во 20 часот во рамки на квалификациите за Европското првенство ќе се одигра меѓународен ракометен  натпревар помеѓу  репрезентациите на Македонија  и Исланд.

За непречено и безбедно одвивање на оваа спортска манифестација, МВР најавува дека ќе бидат превземени соодветни мерки за сообраќајно обезбедување и пренасочување на сообраќајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top