| четврток, 6 декември 2018 |

„Не го давам своето дете“- татко не сака да се одвои од мртвото тело на ќерка си

Откако 17-годишната ученичка З.Б. на Медицинското училиште, пред три дена скокнала во смрт преку прозор од 15-ти спрат, Зеница е во шок.

Иако на лице место брзо стигнала Брзата помош, лекрите за жал, можеле само да констатираат смрт. Оваа трагедија ги шокирала соседите пред кои паднало мртвото тело, а очајниот татко не сака да се одвои од телото.

„Не го давам своето дете. Пуштете ме.“- во плач велел таткото.

Полицајците по неколку обиди успеале да го одвојат таткото од телото на ќерката, по што поради претрпен стрес е веднаш однесен во болница каде му е укажана лекарска помош.

Сосетката вели дека додека гледала телевизија слушнала удар во прозорот и помислила дека стаклото ќе се скрши. Кога излегла на тераса доживеала шок. Таа вели дека девојчето било повлечено, но не изгледало дека би извршило самоубиство.

Соседите велат дека таткото на девојчето бил навистина строг и имал психички проблеми, а дури еднаш ја претепал и жената со која живеел.

Школските соученици ја оплакуваат својата другарка. Велат дека се повлекла откако ја изгубила својата мајка, а ретко го спомнувала татко и, но знаеле дека бил многу строг.

 

извор: пинџур.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top