| четврток, 6 декември 2018 |

Хороскоп: Што би направиле хороскопските знаци кога би можеле да го вратат времето?

Овен

Импулсивниот Овен кога би можел да го врати времето не би сакал така лесно да ја пропушти големата љубов од младоста, а во своето семејство, би се поставил поавторитативно и повеќе време би минувал со децата. На работа би го правел само тоа што сака и никому не би сакал да му приложува сметки. Највеќе би сакал да се радува на сопствените успеси на спортските терени или снимањето на некој акционен филм.

Бик

Кога сентименталниот Бик би можел да го врати времето назад, тој би се вратил во времето кога највеќе заработувал. Тој би сакал да биде помалку посесивен и помалку прилагодлив кон потребите на луѓето кои му значат. Уште во младоста би започнал приватен бизнис, најверојатно со трговија со накит. Кога би можел да избира, никогаш не би сакал да зависи од својот шеф кој и онака не го почитува.

Близнаци

Кога родените во овој знак би можеле да се вратат назад, во својот животен компјутер би внеле повеќе програми. За почеток, на време би го сфатиле значењето на квалитетна емотивна врска, а своето љубовно гнездо би го изградиле со некој кој го сакаат и со кој на време би влегле во брак. Би се обиделе да бидат стрпливи и не би дозволиле другите премногу да ги изнервираат.

Рак

Кога размазениот Рак би можел да се врати во минатото, тој веројатно би се потрудил денес да не постои глобалното затоплување и би се грижел за многу нешта кои ќе му паднат на памет. Кога би можел да избира, тој би одбрал помалку да пати и да биде помалку амбициозен.

Лав

Кога би можел да се врати во минатото и да ги уништи корењата на своите стравови од хронични тегоби или слабости, тој посериозно би се посветил на остварување на своите младешки соништа, па од своето хоби би се потрудил да направи работа и да ги материјализира своите желби.

Девица

Враќањето на времето би билои неповторливо искуство за Девицата, која обрнува многу внимание на деталите. Токму враќањето во времето би и овозможило да поработи на нив и да исполни некои желби. Доколку би можеле, родените во овој знак би си купиле брод и би запловиле некаде каде не би морале да се нервираат.

Вага

Кога би можеле да го вратат времето назад, емотивните и воздрани Ваги би го организирале својот живот така што помалку би пателе поради љубовта, а повеќе би се посветувале на кариерата. Би се потрудиле да бидат поодлучни, би заборавиле на својата дипломатично и би ги построиле сите луѓе на своите место. Вагите не би глумеле само да не ја навредат другата страна.

Скорпија

Доколку би можела да се врати во времето во кое била лудо заљубена, Скорпијата би сфатила дека љубомората е бескорисно трошење енергија. Помалку би трошела нерви за другите, помалку би била егоист во љубовта и би наоѓала повеќе луѓе за другите. Би ги развила своите таленти и повеќе би се грижела за уметноста и уживањето, наместо да размислува за парите и заработувачката.

Стрелец

Секогаш расположениот Стрелец би можел да промени многу нешта доколку би му се укажала можност за тоа. Уште како млад би почнал да се занимава со приватен бизнис, на кој би му пристапил мошне сериозно. На време би собирал пари за црни денови, а во љубовта не би седел на две столици и би ги почитувал оние кои го заслужуваат тоа.

Јарец

Многу работи би биле поинакви кога строгиот Јарец би можел да го врати времето, па за почеток би се ослободил од својот комплекс на ниска вредност кој го влече уште од детството. Тој би се ослободил од влијанието на родителите, а во љубовта би бил поотворен.

Водолија

Доколку ексцентричната Водолија би можела да се врати во минатото, таа би сфатила колку е подобро да биде реална на работа, па своите таленти не би ги трошела туку така. Во љубовта би била прилагодлива и подготвена да се жртвува за оние кои ги сака и би минувала повеќе време со семејството.

Риби

Кога би го вратиле времето наназад, Рибите би сакале да бидат повеликодушни, посмирени и да влијаат на луѓето кои ќе им бидат важни во животот. Во потрага по љубовта, не би барале премногу и  не би внимавале толку и на најситните детали за луѓето и нештата во нивниот живот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top