Министерката за одбрана на Германија, Урсула Фон Дер Лејен го откажала своето патување во САД поради неколкуте скандали кои што избија во редовите на германската армија.
Министерката го откажала патувањето и веднаш ги повикала сите високи генерали и адмирали на состанок поврзан со низата на скандали во армијата кои што испливаа на површина после апсењето на службеник кој планирал расистички напад.
Фон Дер Лејен го осудила „лошото лидерство“ и лошото водење на армијата, па повикала стотина генерали и адмирали во четврток итно да пристигнат во Берлин за да разговара со нив во врска со случајот кој вклучува поручник и низа на скандали околу сексуално злоставување и вознемирување.
Мораме систематски да се запрашаме како некој со така јасно екстремни десничарски погледи, кој ја пишува својата дипломска работа со јасни националистички идеи, може да ја продолжи својата кариера во германската армија“, изјави Фон Дер Лејен.
Канцеларијата на германскиот сојузен државен обвинител вчера го превзела случајот на 28 годишниот поручник и 25 годишниот студент за кои постои сомнение дека подготвувале „сериозен напад проти државата“.
Фон Дер Лејен, член на Христијанско-демократската унија на канцеларката Ангела Меркел, многумина ја сметаат за наследничка на канцеларката. Таа оваа седмица требаше да се сретне со американскиот министер за одбрана Џејмс Матис. Сепак, таа наместо тоа, го откажа посетувањето и најпрвин посети германска бригада сместена во Франција, за лично да види до каде е истрагата.
Германската воена разузнавачка агенција „МАД“ минатиот месец објави дека постојат 275 случаеви каде што постои сомнение дека има краен десничарски екстремизам во редовите на германската армија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст