| четврток, 6 декември 2018 |

Бред Пит: „Јас сум емотивен ретард, поради алкохолот ја загубив Џоли“

Еден од најпознатите холивудски актери Бред Пит го даде првото интервју по тешката година и развод од Анџелина Џоли.

Тој позираше за магазино „GQ”, а уредниците на ова списание се одлучија за три портрети на русокосиот актер.

Интервјуто сè уште не е пуштено за читање, но и оние кои имаа можност да го видат го опиша како „сурово и носталгично” за читање.

И покрај тоа што не се рекламира, кога е во прашање неговиот личен живот, во интервју за познатиот магазин зборува за љубовта, родителството, загубата, и како тој го надмина овој тежок период во неговиот живот.

На фотографиите кои биле направени во неколку национални паркови на Америка, Пит изгледа драстично ослабен и помлад. Ние веруваме дека обожавателите со нетрпение го чекаат интервјуто кое треба да биде пуштено на виделина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top