| четврток, 6 декември 2018 |

Путин: Односите меѓу Русија и Турција добиваат „посебен карактер“

Постепеното стабилизирање на внатрешните политички состојби во Турција ќе создадат услови за сигурен развој на односите со Русија, изјави рускиот претседател Владимир Путин на почетокот на средбата со турскиот колега Реџеп Таип Ердоган во резиденцијата во Сочи.

Путин истакна дека односите меѓу Русија и Турција во целост се обновуваат и добиваат „посебен карактер“, додавајќи оти билатералните односи се развиваат „по планот“.

– Добро е што имаме можност благовремено да се сретнеме и да разговараме за клучните прашања од билатералната соработка, но и за важните прашања од меѓународната агенда, вклуичително и итните прашања, како што е сириската криза, посочи Путин.

Ердоган се согласи дека двајцата лидери имаат добра можност да разговараат за двата аспекта – билатерална соработка и регионални прашања.

– Сигурен сум дека овие чекори кои заедно ги преземаме ќа ја сменат судбината на целиот регион, потенцира Ердоган.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top