| четврток, 6 декември 2018 |

Дамовски: Нема да се предадеме на оваа окупација, овој пат е пат до слободата преку избори

Внатре седи нелегитимен претседател на Собранието, истакна Борис Дамовски од граѓанската иницијатива ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА, на денешниот протест и им порача на насобраните граѓани да не се обесхрабруваат.

-Наседнавте вие што гласавте за една опција чиј претседател, за разлика од еден Македонец кој влезе како крал во албанската историја Скендер Бег, ќе влезе како кловн-камиказа, подвлече тој.

Бараме избори, додаде Дамовски, каде што ќе има разрешница.

-Ги повикуваме партиите да седнат и на најдемократски начин да ја разрешат оваа ситуација која не е само на штета на Македонците, таа е на штета на знамињата кои ги немаше денеска во кабинетото- на Власите, Србите, ромите, Бошњаците… Оваа селективност и оваа бинационалност предупредувавме дека ќе дојде до ова, но не послушаа. Само народ може да ја спаси оваа држава, бројност… Нас ни треба 100 илјаден народ на улиците на овој главен град- е тоа грло се слуша. Не се предаваме, ќе пробаат се, со грда пропаганда, но нема да се предадеме на оваа окупација. Овој пат е пат до слободата преку избори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top