| четврток, 6 декември 2018 |

Девојки, вашиот миленик е слободен: Ова е причината за крајот на врската со Гупсе!

Миленикот на женската популација, турскиот актер Бариш Ардуч е главна тема во турските таблоиди и тоа поради неговиот љубовен живот. Имено, откако почна да се емитува серијата „Вљубениот Ерген“ и да ги руши сите рекорди на гледаност, врската на Бариш и актерката Гупсе Озај полека се разниша.
omeeer

Како што пишуваат медиумите, причината за тоа е љубомората на Гупсе за неговиот однос со Дефне за време на снимањето. Сигурно сте забележале дека Дефне и Омер глумат толку реално, што за момент ве чуди како е можно покрај таков пламен пред камерите да нема ништо меѓу нив.

Лицето за односи со јавност на актерот во изјава за медиумите вели дека неговиот клиент не сака да коментира по тоа прашање. Во секој случај ова е прекрасна вест за фановите кои навиваат Бариш и Елцин да бидат заедно и во реалноста иако Елцин Сангу веќе има момче.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top