Грчката полиција соопшти дека утрово вооружени лица убиеле еден маж, а една жена е повредена пред основно училиште во предградие на Атина. Инцидентот се случил околу 8.15 часот, додека родителите ги носеле децата на училиште.
Според полицијата, најмалку две вооружени лица го нападнале мажот пред еден од споредните влезови на основното училиште во атинското предградие Глика Нера. Се претпоставува дека инцидентот е поврзан со ривалство меѓу бандите, кои се занимаваат со уцени. Полицијата не соопштува други детали.
Повредената жена, која била очевидец на инцидентот, е хоспитализирана и е вон животна опасност. Училиштетот поради инцидентот денеска е затворено.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.