Една јапонска компанија за накит стави на продажба копија од чисто злато на маската што ја носи Дарт Вејдер, лик од филмот „Војна на ѕвездите“ (Star Wars), со вредност од 1,4 милиони долари (154 милиони јапонски јени).
Според веста на Кјодо, маската чија тежина е приближно 15 килограми, на 4 мај во Токио ќе биде ставена во продажба по повод 40. годишнина на научно фантастичниот филмски серијал „Војна на ѕвездите“.
Од компанијата за накит „Tanaka Kikinzoku“ (Танака благородни метали) велат дека големината на маската што ќе биде ставена на продажба со цена од 1,4 милиони долари, е 30 на 26,5 сантиметри, и оваа маска од денес ќе биде изложена во седиштето на компанијата во Гинза, Токио.
Како што велат од компанијата, три мали монети од чисто злато, како и копијата од постерот на овој филм употребуван пред 40 години, кога филмот беше објавен за првпат, ќе бидат ставени на продажба по цена од 11.000 долари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст