Луѓето реагираа, се сензибилизираа и беа малку наелектризирани, односно вознемирени од она што дознавме дека се случува во Собранието, објасни Богдан Илиевски од „За заедничка Македонија“ во отвореното студио на ТВ „Нова“ за настаните од четвртокот.
Тој додаде дека кога дошле пред Собранието, капак на сѐ бил обидот за вонзаконско гласање за избор на претседател на Собранието.
Богдан Илиевски и Борис Дамовски од иницијативата „За заедничка Македонија“ гостуваа во отвореното студио со Анита Петровска Рајковиќ на тема „Државата не функционира – граѓаните со тужба“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.