| четврток, 6 декември 2018 |

Најстуденото село во светот, температура и до – 71!

Дали ја сакаш зимата? Тогаш Ојмјакон е вистинското место за тебе- таму темепратурата се спушта и до – 71 степен Целзиусов. Се наоѓа во Сибир во Русија, и е најладното место на планетата

v275125p0Во Ојмјакан просечната температура во јануари е – 50 степени, а најниската некогаш забележана во селото била дури – 71, 2.

Место се наоѓа на 750 метри надморска висина, што значи должината на денот варира 3 саати во декември до 21 саат во текот на летото.
Ако мислите дека таму можат да опстанат само ирваси и други животни, гешите- селото има околу 500 жители. домовите ги грејат со шпорети на дрва, а покрај купатилото, имаат и „полски тоалети“.

Се хранат со риба и месо од ирваси, во единствената продавница која ја имаат можат да купат и други намирници. Овошје и зеленчук јадат само ако некој им донесе, со оглед на тоа дека таму билките не виреат.

Меѓутоа, тие не се неухранети. Лекарите тоа го објаснуваат со фактот дека тие внесуваат масно кравјо млеко.
Има и деца, кои не одат во школо се додека температурата падне под – 52 степени Целзиусови.

Во Ојмјакон не е секогаш ладно. Во јуни, јули и август темературата е често и преку 30 степени.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top