Новите кинески сопственици на калчолигашот Интер за следната сезона ќе мора да ја почна со длабока рекострукција на составот ако сакаат следната сезона да бидат конкурентни за врвот на табелата со неприкосновениот Јувентус.
За таа цел како најслаба алка во тимот е оценета одбраната, и тука ќе треба да се доведат навистина квалитетни засилувања. Раководството на „нероаѕурите“, како што информираат медиумите на Апенините, посакува да го доведе на „Џузепе Меаца“ дефанзивецот на ПСЖ, Бразилецот Маркињос.
Тој оваа сезона е многу постандарден во составот на Унаи Емери, го зазеде местото на Давид Луиз, кој се врати во Челси, и најчесто игра во тандем со Тијаго Силва. Сепак, Интер ќе направи максимални напори за да го убеди Маркињос да се пресели во Италија и да го облече нивниот дрес. Неговата вредност изнесува околу 40 милиони евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Павлопулос: Нема да прифатиме своеволни толкувања на Договорот од Преспа
-
Заев: Македонско-грчката комисија ќе почне да работи откако ќе се ратификува Договорот од Преспа во двете земји
-
Каменос се закани дека ќе ја напушти владата, кога Договорот од Преспа ќе дојде во парламентот
-
Кувелис: Договорот од Преспа ќе биде ратификуван во грчкиот Парламент