Две лица се повредени во сообраќајката, која се случи вчеравечер во 23.30 часот во Штип, на крстосницата од ул. „Васил Главинов“ и ул. „В.П.Јорданова“.
До незгодата дошло кога автомобил „мерцедес“ со бугарски национални ознаки, управувано од Љ.Т. (19) од Штип, кој го управувал возилото без да се стекне со право на управување на возило, се судрило со возилото „шевролет калос“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Т.Ф. (23) од Штип.
Во незгодата, сопатничката од „шевролетот“, Л.А.(20) од Штип, се здобила со тешки телесни повреди и по укажаната лекарска помош во Клиничка болница Штип е пуштена на домашно лекување, додека возачот од „мерцедесот“ се здобил со телесни повреди и бил задржан на лекување во болницата во Штип.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Штип. Над возачите било извршено алкотестирање при што кај возачот на „шевролет калос“ утврдено било присуство на алкохол од 1,72%о.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.