| четврток, 6 декември 2018 |

Велиновска: Народот е нападнат, се води борба за живот

mirka-analiza

Влегувањето на народ во Собранието, па и тепањето, се реакција на збир од криминални акции во континуитет на божемните разумни и ,,храбри“ избалансирани и ,,модерни“ кобајаги политичари, пишува Мирка Велиновска во својата анализа со наслов Лакрдија е да го гониш народот, а да ги браниш пучистите за „Дневник“.

„Хорското осудување на насилството и троа ќотек за превратниците и криминалците во одела и заштитени со имунитет, е тешка провокација за да се обескуражи народот, кој е нападнат фронтално и кој се брани инстинктивно од уништување. Безобразно е и арогантно политичарите што се покажаа сосема неспособни и недораснати да се справуваат со местенки, фингерајки и кризи сега да глумат разумни луѓе со авторитет и интегритет, кои ќе ја повикуваат жртвата на разум и мирноќа, додека секакви стрвинари ја черечат уште жива. Да повторам. Македонскиот народ е тој што се огради со бетонски ѕид од сите што со години учествуваат во разнебитувањето и крчмењето на Македонија и има право да се срами од своите таканаречени државотворни политичари, кои се покажаа како диво месо на националниот организам. Ниту еден колективитет не ја срами државата и не и нанесува штета на својата држава со своите постапки. Оние што тоа го прават се политичарите. Македонија во континуитет ја мивкосуваат домашни и странски бандити маскирани во цивили. Сега сме доведени до крајот. Се води борба за живот.“, пишува Велиновска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top