Проблемите со возбудувањето, оргазмот и задоволството по 36-тата недела од бременоста ги искусиле 92 отсто бремени жени. Истражувањето објавено во „Alexandria Journal of Medicine” ги предупредува бремените што смеат, а што не смеат да прават додека чекаат бебе.
Сексот како приоритет
Благодарение на хормонот окситоцин кој кај жените се лачи при оргазмот, сексот е добар за намалување на стресот и анксиозноста.
„Сексот ќе ја зајакне врската со партнерот пред раѓањето на детето, што е многу важно бидејќи многу истражувања покажале дека во првите години од животот на детето родителите се под голем стрес, што се одразува и на сексуалниот живот” – објаснува психологот др. Ерика Марчанд.
Најдобра положба
Во првите три месеци додека стомакот е помал, сите положби се дозволени. По 16-тата недела се зголемува матката, па мисионерската положба повеќе не е добра идеја.
„Сексот на грб може да ја стисне долната шуплива вена и да го спречи враќањето на крвта во срцето. Бремената жена тогаш може да чувствува вртоглавица” – објаснува др. Алиса Двек, гинеколог во болницата „Mt. Kisco” во Њујорк.
Избор на добар лубрикант
Некои двојки користат лубрикант. Бирајте го тој кој е на база на вода и избегнувајте лубриканти на база на петролеј или минерални масла кои можат да ја променат pH на вагината.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.